Од 127 барања за азил, ниту едно не е позитивно

Претставници на УНХЦР, заедно со Министерството за надворешни работи, денеска во Куманово, по повод 20-ти јуни Светскиот ден на бегалците, делеа промотивен материјал со кој на граѓаините им порачаа дека бегалците како и сите жители на светот ги имаат истите права.  

Под мотото „Направи чекор со бегалците“, претставниците од УНХЦР споделија податоци на светско ниво за бегалците, укажувајќи дека минатата година бројот на раселени лица во светот достигнал 70 милиони, што е највисоко регистрирано ниво. 

-Денеска сме тука за да ги поддржиме бегалците кои се отселуваат од своите места за да избегнат конфликт или војна. Во 2018-та на светско ниво има 70 милиони бегалци што е поголема бројка за разлика од годините кога имало војна. Во државата има 127 барања за азил од кои ниту едно позитивно не е решено-изјави Емил Ефремовски.

Податоците од годишниот извештај Глобални трендови на УНХЦР, покажуваат дека на крајот на 2018-та низ светот имало 3,5 милиони баратели на азил. Истата година секој втор бегалец бил дете, многумина од нив 111.000 сами, без своите семејства.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)