Околу 280 пензионери од Куманово ќе одат во бања

283 од вкупно 1.000 пензионири од Куманово кои се пријавиле за користење на бесплатната услуга за бањско-климатска рекреација, ќе заминат во бања. Раководителот на подрачното одделение на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Мирослав Стојановски наведе дека и оваа година е голем интересот на пензионерите за бесплатна бања.

-Традиционално од кумановскиот регион пензионерите одат на оваа бањско климатска рекреација во Катлановска бања. Каде имаат седумдневен бесплатен пансион и превоз кој им стигна на сметката за пензијата-изјави тој.

Услугата за бањско-климатска реакција предивидува шест полни пансиони, бањска терапија, трошоци за превоз на пензионерот до установата која што ќе ја посетува и задолжителен здравствен преглед.

Проектот бањско-климатска рекреација веќе пет години го спреведува Владата на Република Македонија. Инаку покрај овој проект пензионерите од минатиот месец ја користат и услугата туристички викенд. Таа предивидува два полни пансиони и превоз до определена туристичка дестинација во државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)