ОК ВМРО ДПМНЕ: Каде се ветените автобуски постојки?

-Сообраќајниот хаос во Куманово е резултат на неработењето на градоначалникот Дамјановски и екипата роднини и пријатели, кои удобно ги смести во фотелјите на општината.Одговорноста лежи кај неодговорноста на градоначалникот. Во сите европски метрополи, градскиот превоз како и целата урбана опрема говори за културата и одговорноста на власта.  За жал, во Куманово тоа не е случај.Граѓаните прашуваат каде се ветените проекти, проширување на булеварите, тротоарите и нова канализација. Каде се и автобуските постројки кои низ годините се провлекуваат како ветување, а реализација за нив нема.Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми во сообраќајот, како и во користење на градскиот превоз. Куманово и граѓаните заслужуваат нови постројки и нов лик на градот. Приморани се да при поголемо сонце, дожд и ветер чекајќи го градскиот превоз кој секогаш доцни, се заслонуваат во околните продавници. Незадоволни се и корисниците и сопствениците на околните трговски локали.

Официјалниот мандат на градоначалникот заврши, сега го игра неговото продолжение.

Градоначалникот како и изминатите години, така и сега абер нема од отчет пред граѓаните. Причината е јасна, нема што да каже.Ветеното во нивниот леток за локалните избори, остана само празно ветување на хартија.

Избори се ближат ! Следи судот на народот, изјави на пресконференција Срѓан Ивановски , портпарол на ОК ВМРО ДПМНЕ, Куманово

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)