ОК ВМРО ДПМНЕ: Кејот е во катастрофална состојба

-Хигиената во еден град, уреденоста на парковите, кејот и шеталиштата говорат за културата на локалнатс власт. За жал мораме да констстираме дека во Куманово, нема култура. Денеска се наоѓаме на градскиот кеј Куманово, да го потсетиме градоначалникот дека тука на ова место постои река и кеј, шеталиште. Проект кој беше најавуван со години, но сега еве и со години неисчистен.Од генералната ситуацијата по градот, може да констатираме дека градоначалникот подолго време нема излезено од своето луксузно возило и нема прошетано низ Куманово. Ситуацијата во градот со години е аларманта, во поглед на функционирањето на јавните претпријатија и сервисирање на редовните обврски кои ги имаат кон граѓаните. Кејот на реката е во катастрофална состојба. Одговорност за искршените бекатон плочки и пропаднати страни, треба да ги понесе градоначалникот и претпријатието кое со багери го демолираше кејот во буквална смисла на зборот. Постои голема опасност да падне некој минувач во вода или да се повреди од многуте дупки низ целото шеталиште, кое исто така во вечерните часови не е осветлено, а и се повеќе се присутни и кучињата скитници кои преставуваат голема опасност за минувачите. Низ целото речно корито е формирана депонија која шири непријатна миризба и ги брка граѓаните и спортистите. Опасноста тука не престанува, на кејот целата патека е прекриена со некосена трева и во топлите денови кои се пред нас постои опасност од појава на змии. Тревата никој не ја коси, се додека не се осуши сама по природен пат. Апелираме до градоначалникот, да во неговото продолжение кое не е дадено од граѓаните, се посвети на потребите на граѓаните, а за друга прилика да ги остави внатре партиските проблеми. Време е Дамјановски да почне да ги решава реалните проблеми на кумановчани. Граѓаните судат, избори се ближат , изјави на денешната пресконференција Ивана Јакимовска од ОК ВМРО ДПМНЕ, Куманово

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)