ООУ „Магдалена Антова“ го одбележа патрониот празник

Основното општинско училиште „Магдалена Антова“ денеска одбележува 27 години од своето постоење и 75 години од загинувањето на својот патрон.

По тој повод вработените, учениците и родителите положија свежо цвеќе пред бистата на Антова, а во спортската сала „Панко Брашнаров“ беше одржана свечена манифестација со приредба која ја подготвиле учениците со своите наставници.

27 години самостојно училиште осмогодишно, а сеге и деветогдишно кое давало резултати, дава резултати и ќе дава резултати верувајте затоа што тоа го покажуваат нашите ученици кои што одат понатаму во образовниот систем во Куманово и пошироко кои се прифатени и добредојдени во секое училиште знаејќи дека од тука излегува солиден ученички потенцијал којшто понатаму достигнува и врвни резултати – вели Жарко Димитриевиќ директор на ООУ Магдалена Антова.

Како што истакна директорот, во оваа основно училиште настава во континуитет посетуваат околу 700 ученици во две смени од прво до деветто одделение.

Додека во други училишта слушам дека бројката опаѓа во „Магдалена Антова“ таа бројка опстојува и тоа ме радува бидејќи ние сме релативно нвоа населба и гравитираат тука од поголем дел од Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане, така да оваа бројка радува повеќе затоа што не се намалува него имаме некаков континуитет – вели Жарко Димитриевиќ

Основното училиште „Магдалена Антова“ е самостојно без подрачни училишта, а настава посетуваат исклучиво ученици од населбата Карпош.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)