(ВИДЕО)Опаѓа бројот на заболени, затворен ковид оддел

Се намалува бројот на лица позитивни и хоспитализирани од ковид 19 во кумановската болница. Надлежните од оваа установа одлучија да го затворат ковид 2 одделот. Согласно податоците во ковид 1 и модуларната болница се хоспитализирани 47 лица, а околу 50-ина има во дневната болница.

-Искрено се надеваме дека трендот на опаѓање на бројот на новозаболени ќе продолжи но со оглед на тоа што ние сме општина со најголем број на жители во државата. Овој тренд ќе оди малку побавно отколку што е тоа случај со другите болници во внатрешноста. Во другите градови имаме од 10 до 30 пациенти хоспитализирани, кај нас денешниот биланс е 47.  Можам да кажам дека опаѓа и бројот на амбулантски прегледи но сепак доаѓаат и оние кои што одат на контрола, кои се во дневна болница, има сепак и новозаболени, иако велиме вчера многу се радувавме дека нема ниту еден новозаболен во Куманово, но сигурно дека фактичката состојба не е таа, не може од еднаш болеста да исчезне и затоа е потребно сепак да се придржуваме до мерките и да се надеваме дека ова лето ќе бидеме далеку помирни од што бевме изминативе месеци-истакна директорката на општата болница во Куманово, Снежана Захариева.

Од кумановската болница информираа и дека започнуваат да се враќаат во нормала останатите оддели, па ќе почнат и со оперативни зафати.

-Хирургија отпочнува можеби со малку редуциран програм но започнуваме и со елективни операции. Офтолмолошкиот оддел исто така, акушерско и гинекологија си работат нормално за цело време, ќе се почне и со повеќе термини на неврологија откако ќе го оспособиме одделот, бидејќи таму биле ковид пацинети, потребно е тој простор да се среди, дезинфицира ќе се вароса и полека да може и хиспиталните пацинети да бидат сместени и да се вршат амбулантските прегледи во нормала-дополни Захариева.

Захариева искажа и благодарност до медицинскиот персонал кој даде значен придонес во справувањето со невидливиот непријател, ковид 19.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)