Опожарени градежен материјал и покрив на фирма во градот

Градежен материјал и кровна конструкција на фирма од Куманово викендов биле опожарени, информира Регионалниот центар за управување со кризи. Според РЦУК, во фирма лоцирана на улицата „Индустриска“ биле опожарени даски и кровната конструкција во попладневните часови.

На терен интервенирала екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот бил изгаснат за околу половина час.

Причината за избувнувањето на пожарот и висината на материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат, се вели во соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)