Опожарени силоси на „Житомел“

Нешто повеќе од 5 часа биле потребни, припадниците на Територијалната противпожарна единица од Куманово да ја совладаат огнената стихија која ги зафатила силосите на поранешната компанија за леб и бели пецива „Житомел“.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вчера околу 12:05 откако нивните екипи добиле пријава веднаш излегле на терен кај силосите во близина на Железничката станица. Огнот го гаснеле со четири возила и деветмина пожарникари и конечно успеале да го локализираат дури во 17:50 часот.

Засега не е позната причината за избувнување на пожарнот, но ова не е прв пат имото на поранешниот „Житомел“ да избувнува во пламен, откако нејзиниот сопственик Бајруш Сејдиу замина во затвор, а државата не направи ништо со неговиот конфискуван имот.

Кумановските пожарникари интервенирале претходно и на запалена локомотива во атарот на селото Речица. Откако добиле пријава за пожарот во 05:10 веднаш излегле на терен со едно противпожарно возило и тројца пожарникари и огнот го локализирале веќе во 06:20 часот. Причините за настанување на пожарнот, како и висината на материјалната штета не се познати.

Инаку само во последните два месеци, пожарникарите во Куманово имале интервенции на вкупно 26 пожари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)