Опожарено товарно возило во Куманово

Товарно возило вчера било опожарено во Куманово, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи.

Синоќа пред 20 часот  во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Биљановска“ во Куманово настанал пожар во товарно моторно возило „там“ без регистарски ознаки, сопственост на М.В. од Куманово, стои во соопштението на кумановската полиција.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Коментари

коментар(и)