Опожарен стан и кровна конструкција на ресторан

Опожарен стан и кровна конструкција на ресторан во Куманово се само дел од интервенциите на Територијалната противпожарна единица во изминатото деноноќие.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, кровна конструкција на ресторан изгорела во населбата Гоце Делчев. Пожарникарите го изгаснале пожарот за четириесетина минути.

Во истата населба, неколку часа подоцна пожар зафатил еден стан. Пожарот бил изгаснат за околу половина час.

Според билтенот на РЦУК, вчера сува трева горела во атарот на селото Долно Јачинце, во месноста Амбар маало гореле бали слама, а пожарникарите интервенирале и на гаснење на запален смет во селото Пчиња.

 

Коментари

коментар(и)