Опозициските советници ја напуштија седницата

Советниците на Kоалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата додека градоначалникот Зоран Дамјановски одговараше на прашањето за постапката за организирање и плаќање на училишниот превоз поставено од претседателот на Советот, Максим Димитриевски. После речиси половина час посветено на ова прашање, опозициската коалиција реши да не биде дел од седницата . Според координаторот на ВМРО ДПМНЕ Драган Петковски, градоначалникот одговорал на однапред договорени прашања со советниците заради сопствен маркетинг.

-Нашата советничка група реши да ја напушти седница та бидејќи градоначалникот ја користи седницата за сопствен маркетинг  за нарачани прашања. Своите прашања ќе ги доставиме во писмена форма до службите во општината , а нашата одлука ќе ја образложиме на пресконференција, изјави Драган Петковски, координатор на ВМРО ДПМНЕ

Додека советниците излегуваа од салата, градоначалникот Дамјановски потенцираше дека не е првпат советниците да напуштаат седница на Совет.

Останатиот дел од седницата продолжи со присуство на 17 советници.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)