Општината ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, ја развиваме гасоводната мрежа (ВИДЕО)

Општина Куманово ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за гасификацијата. Во продолжение целосното соопштение.

„Ги отфрламе неоснованите тврдењата кои што денска беа изнесени на прес конференција одржана од страна на ВМРО ДПМНЕ за гасификацијата во Куманово.

Ние сме единствен град во државата кој што има реална дистрибуција на сериозни количини дистрибуиран природен гас како единствено јавно претпријатие директно приклучено на преносниот систем на гас и единствена општина покрај општина Струмица, која со сопствени средства развива гасификациона мрежа,при што веќе имаме изградени околу 22 км секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа.

Обврската за создавање на технички услови односно за изградба на нова дистрибутивна гасоводна мрежа до Градската болница во Куманово е завршена од ЈП Куманово Гас уште пре 6 месеци, понатаму обврска на  корисникот во конкретниот случај болницата е да изготви техничка документација за гасификација и да обезбеди средства за истиот објект да се гасифицира.

Согласно нашите информации веќе се работи на нова котлара во градската болница според информациите што ги имаме добиено од изведувачот.

Во моментот се приклучени на гас повеќе значајни институции и објекти помеѓу кои се:

ЈОУ Дом за стари лица “ЗафирСајто”, ЈП ВОДОВОД Куманово, СОУ Перо Наков, СОУ Гимназија Гоце Делчев, ООУ Браќа Миладиновци, ООУ Крсте Мисирков, ООУ Бајрам Шабани, ООУ Кочо Рацин, Затворениот градски базен како дел од ЈП Чистота и зеленило, Зградата на Општина Куманово и три објекти од градинка Ангел Шајче – Куманово и тоа: “Пчелка” “Кокиче” и “Синоличка”, а трендот на приклучување на јавните установи и институции ќе продолжи и во следниот период. Прикучени на мрежата се и верските објекти Црквата Св. Никола и  Црквата „Света Троица“ во Куманово, како и низа други правни субјекти од градот.

Измените во ценовникот кои беа направени на една од предходните седници на советот на Општина Куманово се тековна работа на јавното претпријатие и се направени со цел да се изедначи цената на приклучокот за домаќинствата во колективните станбени згради.

Во текот на изминатиот период од 4 години изградени се околу 5 км нова дистрибутивна гасоводна мрежа и приклучени се поголем број на колективни и индивидуални станбено згради во нашиот град.

Субвенциите за приклучок се зголемени за 50% и тоа од 10.000 денари на 15.000 денари што претставува значајно олеснување за граѓаните.

Цената на приклучокот ги опфаќа работите активности, опремата и мерно – регулационите станици и  на ова ниво на развој или фаза во која што сега се наоѓа претпријатието ЈП Куманово Гас и е значајна ставка на приходната страна. 

Да се потсетиме дека во времето кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, Општина Куманово и ЈП Куманово Гас не добија никаква финансиска ниту пак логистичка поддршка за развој на гасификацијата во Куманово.

Ние ќе продолжиме да ја развиваме гасоводната мрежа и да ги стимулираме граѓаните да започнат со користење на природен гас како економичен извор на енергија и да придонесат во заштита на животната средина“-стои во соопштението на општината.

Коментари

коментар(и)