Општината ги расчитува дивите депонии

На пет локации во Куманово и околината  деновиве се спроведува акција за расчистување на дивите депонии. Општина Куманово во соработка со јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во последниве два месеца ја реализира третата акција, апелирајќи до граѓаните да го почитуваат комуналниот ред и дисциплина и да не фрлаат отпад каде што ќе стигнат.

-Овие денови се чисти на пет локации , Стари лозја, сточен пазар, Менкова колиба, река Којнарка , од Димитар Божинов до влив во реката Кумановка и локацијата кај Туш. Сакаме да ја информираме јавноста дека во следниот период надлежните служби во општина Куманово ќе вршат дополнителен инспекциски надзор и ќе следуваат репресивни мерки кон граѓаните кои нема да го почитуваат комуналниот ред и дисциплина, изјави Даниел Стојчевски, советник во кабинетот на градоначалникот.

Иако граѓаните честопати имаат поплаки за недоволниот  број на контејнери во кои што можат да го одлагаат сметот, сепак надлежните сметаат дека еколошката свест на кумановци е на многу ниско ниво.

-Забелешките се наместо дека нема доволен број на контејнери на оваа локација, но во позадина можеме да видиме дека има празен контејнер , а депониите се создаваат токму до контејнерот , се фрла тврд отпад кој не е соглсано прописите за комунален ред каде што истиот отпад граѓаните се должни да го соберат и да го однесат на местото пропишано за фрлање на истиот.

Надлежните потенцираат дека општина Куманово во наредниот период ќе ја заштитува животната средина со субвенционирање на домаќинствата што ќе користат гас.

-Во новиот буџет за 2018 година општина Куманово има предвидено 6,1 милиони денари за заштита на животна средина , ќе има дополнителни субвенции во делот на вклучување на гасифициона мрежа за заштита на животна средина во износ од 150 евра по домаќинство, има предвидено и промотивни спотови на општинската страна, куманово.гов.мк , каде што постои имеил каде што граѓаните може да праќааат слики, видео-записи од однесувањето на несовесните граѓани, по што надлежните инспекциски служби ќе можат да превземааат дополнителни мерки  за расчистување на истите, изјави Стојчевски.

Анализите направени од надлежните служби во општината заедно со комуналното  претпријатие покажуват дека на територијата на општина Куманово има десетина диви депонии.

Коментари

коментар(и)