Општината должи пари за претходните локални избори

Општина Куманово е единствената општина во РМ која се уште ги нема исплатено дневниците на сите членови на избирачките одбори кои што ги спроведоа претходните локални избори, обвини денеска Граѓанската опција за Македонија во Куманово. Според ГРОМ,  за да бидат организирани и спроведени фер и демократски избори, локалната самоуправа треба да ги подмири заостанатите долгови.

-Ја повикуваме локалната власт во најкус можен рок да ја подмири оваа своја обврска и на тој начин да даде вистински придонес во процесот на креирање на фер и демократска атмосфера пред да се случат најавените предвремени парламентарни избори, изјави Драги Караџински, ГРОМ, Куманово

Втората тема за која говореше Караџински на пресконференцијата  е прашањето околу превозот на учениците во градот. ГРОМ бара да се расчисти целосно наводната афера за училишниот превоз имајќи ја  предвид  информацијата дека во Куманово за разлика од  останатите градови превозот е најскап, 80 денари дневно за ученик.

-Станува збор за едно неверојатно расипништво ако се потврди дека во нашата општина за еден ученик е исплаќано околу 234 евра на годишно ниво што изнесува околу 80 денари за одење и враќање од училиште за еден ден. Во таа смисла сме подготвени, и покрај фактот што сме опозиција во Советот, да дадеме поддршка на предлогот на претседателот на Советот кој како учесник во оваа дебата јавно предложи и се обврза дека на седница на Советот ќе се побара комплетна информација за оваа наводна афера и до крај да бидат расветлени сите прашања кои произлегуваат од неа, рече Караџински.

Општинската организација на ГРОМ најави дека и во наредниот период ќе продолжи да ги информира граѓаните за работата и проблемите на локалната самоуправа.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)