Општината објави повик до граѓански организации

По одлука на Советот на општина Куманово, локалната  самоуправа формираше координативно тело за заштита од дискриминација, кое е во рамки на проектот за заштита од дискриминација на локално ниво, спроведуван од  Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА, а поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.Се работи за мултисекторско тело кое ќе биде составено од претставници на институции и граѓански организации кои работат на заштита од дискриминација, човекови права, бесплатна правна помош и кои ги застапуваат правата на маргинализираните групи.

-Ќе ги зацртаме правците на делувањето, односно во медиумите оди и кампања заштита од дискриминација да се подигне свеста кај граѓаните пред се да ја препознаваат но и пријават дисктриминацијата. Ние ќе имаме состаноци на кои ќе ги координираме за заедничко дејствување на мерки кои стојат на располагање во законот за заштита за спречување и законот за еднакви можности за жените и мажите-истакна  Цоки Ристовски, координативно тело за заштита од дискриминација.

Телото ќе работи преку редовни координативни состаноци, врз основа на протокол за соработка и деловник кој членовите сами ќе го донесат. Граѓанските организации кои имаат желба да се членови во локално координативно тело имаат можност најдоцна до утре да се пријават. Повеќе информации за тоа може да најдат на сајтот на општината.

-Невладините организации за членовите кои ќе присуствуваат во нивно име треба да имаат некои познавања од областа на заштита од дискриминација по сите основи и нормално за унапредување на човековите права. Тоа се неколку критериуми организацијата барем 5 години да е регистрирана, да работела на некои проекти од овие области, да е препознатлива во средината во која што делува, требало да се промовираат во јавноста, лицето кое го предлагаат во изминатиот период требало да биде вклучено во проектите да поминало обуки и ги има основните познавања од оваа област-додаде Ристовски.

Членовите на координативното тело, претставници на граѓанските организации имаат мандат од 4 години, со можност за еден реизбор.
 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)