Општината поддржува изградба на спомен обележја

Куманово е речиси единствениот град во државава без спомен обележје на загинатите бранители во конфликтот од 2001-та година. И покрај неколкуте досегашни иницијативи на здружението на бранители  за изградба на споменик во чест на бранителите, реализација нема.

Локалната самоуправа не може да биде инвеститор на спомен обележја, но ќе ги поддржи иницијативите на сите заинтересирани невладини и граѓански здруженија за изградба на спомен обележја без разлика дали станува збор за бранителите од конфликотот или за загинатите припадници на полицијата во Диво насеље и независно од тоа на која етничка заедница припаѓале.

-Донесување на програма за спомен обележја е одговорност на советот на општината , но за тоа имаме начелно политичка согласност бидејќи за првата одлука за спомен обележја немаше некои проблем.  Ние сме во преговори со бранителите од 2001-та година бидејќи има една заложба на државно ниво во повеќе градови каде што има жртви од конфликтот во 2001-та година за давање на локација за спомен обележја и тоа ќе биде за сите заинтересирани невладини организации така што во програмата ќе бидат нотирани повеќе спомен обележја од припадници од други политички партии и други етнички заедници , изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Такви спомен обележја би можеле да се постават или во просторот кој што сега се уредува непосредно до спортската сала или пак во паркот покрај градскиот кеј на реката Кумановка, посочуиваат од локалната самоуправа.

– Проектот е во завршна фаза, распишување на тендер на уредување на зелена површина околу базенот, таму се градат сега  4 тениски игралишта во организација и во соработка со Агенција за спорт и млади.  Тоа ќе биде спортски полигон кој ќе биде на располагање на локалната самоуправа во продолжение локалната самоуправа ќе интервенира со партерно уредување на тој дел и тука ќе има 4 -5 фонтани, статуи, ново осветлување, детски игралишта и тука имаме неколку локации за спомен обележја така што ние во нашата програма ќе понудиме локација во самиот тој простор некаде околу 2500 метри квадратни површина ќе има партерно уредување , бекатонски , гранитни коцки, комунална опрема, фонтани, изјави Дамјановски.

Она што може да помогне  општината е да одреди локација и со одлука на Советот да определи одредена финансиска помош за поддршка на невладините организации, но граѓанските здруженија ќе мора да обезбедат и дополнителни средства бидејќи општината нема определени буџетски средства за поддршка на спомен обележја.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)