Општината потпиша Меморандум за соработка со Занаетчиската комора

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија Агрон Фазлији, денеска во просториите на општината потпишаа Меморандум за соработка, за остварување на активна соработка и размена на информации, со цел создавање на меѓусебно партнерство во насока на креирање на поволно деловно опкружување.

„Чест ми е што денеска заедно со господинот Фазлији потпишавме Меморандум со кој ќе ја зајакнеме нашата соработка во оваа област. Потпишаниот Меморандун, ќе овозможи поттикнување, поддршка, но и логистика во спроведувањето на сите облици на соработка од заеднички интерес. Понатаму, заедничко планирање и организирање на работилници, трибини, форуми, како и промоција на заедничките активности. Исто така, соработката ќе ја унапредуваме и во остварувањето на национални, регионални и меѓународни проекти“, потенцираше Димитриевски.

Соработката ќе се заснова на принципите на одговорност, транспарентност и меѓусебно информирање.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)