Општината потпиша меморандум за соработка со угостителите

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, во име на Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово.

Со меморандумот се предвидува угостителите да бидат вклучени во креирање и реализација на културната програма во градот.

-Овој документ има за цел воспоставување на соработка во рамките на Програмата за култура, во  реализација на општината, соопшти градоначалникот Димитриевски на социјалните мрежи.

Коментари

коментар(и)