Општината потпиша Меморандум за соработка со Институтот „ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ“

Општина Куманово денеска потпиша Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо- културни и економски политики „ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ “ Скопје. Градоначалникот Максим Димитриевски информира дека со меморандумот само општо го дефинирале начинот на кој општината во иднина ќе соработува со и нститутот со кој што заедно ќе работат на полето на превенција од насилство, сите видови на насилство и едукација на кадрите во основните и во средните училишта. Таргет група на заедничките проекти ќе бидат младите.

-Се надевам дека ќе имплементираме со заеднички сили многу проекти во градот се со единствена цел како да направиме превенција така и да се заштитиме од овие општествено опасни појави за сите нас кои што за жал мора да признаеме дека постојат секојдневно и во нашата општина и во нашата држава. Верувам дека сето она што ќе се планира ќе биде сработено во тековната 2020-та година и 2021-та година. Ќе следува постапка во делот на апликација од страна на невладината  организација и до општина Куманово, а и до други невладини организации, меѓународни организации за обезбедување на дополнителни средства за финансирање на вакви проекти, а конечната цел и таргет групата  се секако младите луѓе бидејќи тие се иднината на нашиот град и на нашата држава, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

 

Тимот на институтот е составен од мултидисциплинарни профили на универзитетски професори кои што секој од свој аспект ќе ја третира актуелната проблематика во последната деценија во нашата држава, насилството. Станува збор за професори по правни науки, педагошки, психолошки, социолошки и професори од областа на безбедноста.

-Освен мултидисциплинарното третирање на превенирањето на насилното однесување меѓу учениците во основните и во средните училишта, опфаќа и меѓуинституционално вмрежување како што кажа градоначалникот, имаме вмрежување на локална самоуправа, на невладин сектор, меѓутоа и на воспитно –образовни институции, основни и средни училишта иако нашите истражувања покажуваат дека потребата од превенирање треба да се започне уште и од помала возраст односно од предучилишна возраст. Секако дека ние функционираме и во други области кои што се однесуваат и на подобрувањето на квалитетот на наставата преку осовременување со вградување на нови интерактивни модели меѓутоа тоа би биле веројатно наредните чекори, рече  проф.д-р Елизабета Томевска – Илиевска, Институт „ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ “ Скопје

Циклусот на семинари што се планира да се реализираат во наредните две години како подолгорочен проект во општина Куманово ќе бидат наменети за наставници од одделенска и од предметна настава од основните училишта меѓутоа и за професори од средните училишта.

-Секако неминовно тимот ќе биде проширен и со стручните соработници од училиштата, директорите, меѓутоа и претставници од советите на родителите бидејќи семејствата ни се многу важна алка во целиот овој синџир. Секако дека во наредните фази ќе бидат опфатени и учениците кои што се и крајните конзументи односно нашите идни граѓани, рече  Томевска – Илиевска.

На крајот од семинарите вклучените наставници, педагози, психолози, социолози, директори ќе добијат сертификат за посетен семинар кој што е многу важен и во рамките на нивниот професионален развој,велат од институтот  „ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)