Општината продолжува со асфалтирање на улици и пристапи до тротоари (ВИДЕО)

Улицата „120“ во населбата Карпош денеска доби нова асвфалтна површина. Во должина од 1.060 метри овој патен правец кој освен што ги поврзува населбите Карпош и Ајдучка Чешма, е од витално значење бидејќи самата улица има низа краци на кои живеат голем број жители.

Улицата се наоѓаше во многу лоша состојба и ова е прва реконструкција по десетина години.

Во текот на изминатата недела беа реконструирани и повеќе улици во селата Умин Дол и Љубодраг.

Во исто време е започнато и со прилагодување на улиците и тротоарите во градското подрачје како би можеле да бидат достапни за користење за лицата со попреченост. За кратко време штом ќе се подобрат временските услови од Општината најавија дека ќе се пристапи и на редовно и масовно одржување и асфалтирање на улиците во централното градско подрачје. Градоначалникот Максим Димитриевски одговори и на новинарско прашање поврзано со реакциите на граѓаните токму поради прилагодувањето на пешачките патеки за лицата со попреченост.

Коментари

коментар(и)