Општината распиша конкурс за избор на сувенир

Во рамки на програмата за локален економски развој, Општина Куманово распиша конкурс за избор на сувенир на општината. Надлежните од Секторот за локален економски развој ги повика заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.

-Што се однесува до критериумите сувенирот треба да содржи елементи на препознатливост и да ја отсликува традицијата, културно- историските материјалните, природните и духовните обележја на нашиот град. Треба да е прилагоден за производство во поголеми количини и да е наменет за туристичка промоција. Сувенирот може да биде изработен од сите еколошки прифатливи материјали, како што се стакло, дрво, гипс, глина, платно, керамика и слично, при што треба исто така текстуално да бидат образложени, начинот на изработка, идејната концепција на самиот сувенир-истакна Билјана Николовска од ЛЕР при Општина Куманово.

Најдобриот сувенир ќе биде награден со 30.000 денари. Инаку добитникот е должен да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово.

-Сувенирите треба да се достават до општината, во комисија која ќе одлучува врз основа на утврдените критериуми и согласно постапката за работа на комисија за избор на сувенир. Поединец може да се пријави со повеќе различни сувенири, секој сувенир ќе биде доставен поединечно, во посебна кутија или плик ќе треба да се достави сувенирот, а во другиот плик треба да стојат информации за авторот, име и презиме, меил, телефон-додаде таа.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 10 –ти декември годинава.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)