Општината ќе го уредува патот кај мостот во Перо Чичо

Поради застој на проектот на Македонски Железници за реконструкција на железничкиот мост на влезот од населбата Перо Чичо, Општина Куманово одвои сопствени средства да го врати во првобитна состојба овој дел на коловозот и воедно ќе поведе постапка за надомест на штета од страна на инвеститорот кој ги проби сите зададени рокови за изведба, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Максим Димитриевски.

-Особено жалам што и покрај долгиот временски период, инвеститорот не успеа да ја заврши оваа фаза на изградба на пругата Куманово – Бејаковце, за што воедно во негово име се извинувам на граѓаните за времениот сообраќаен режим кој што беше воведен на оваа локација во изминатиот период, нагласи тој.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)