Општината ќе добие конференциска сала

Ќе се реновира големата сала во зградата на поранешен комитет. 28.000 евра ќе издвои североисточниот регион за обновата, а од општинскиот буџет ќе се обезбедат пари за санирање на покривот . Градоначалникот Зоран Дамјановски се надева дека за празникот на градот, салата ќе добие целосно нов лик и тука ќе можат да се одржуваат седници, конференции и други настани.

“Ќе се изврши внатрешно уредување, тапацирање, видeo презентации, озвучување, и се надеваме деќа ќе направиме ложа за новинари, за следење на сите позначајни настани, почнувајќи од конгреси, конфeренции, невладини здруженија, регионални настапи, значи една мултидисциплинарна, мултифункционална сала како што заслужува овој град. Се надеваме дека по реконструкција на овој многу значаен простор, општината ќе има капацитет да ја промени фасадата на оваа зграда“ – изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

За фасадата како што вели Дамјановски уште не се обезбедени средства ниту е изработен проект. Оптимист е дека наредната година ќе успее да ја вклучи зградата во  проектот за енергетска ефикасност кој го спроведуваат општината и здружението Хабитат  во централното градско подрачје. Тој вели дека локалната самоуправа која го има корисничкото право ќе настојува овој објект кој е постар од 35 години да го одржува во добра состојба.  Иако зградата на поранешен комитет се уште има мешана сопственост, општината ја презема одговорноста за преадаптација и обнова на просториите. Проектот го подготвил Младен Протиќ од Центарот за Североисточен плански регион.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)