Општина Куманово во програма за почист воздух

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска заедно со претседателката на Советот на Општина Куманово, секретарот и претставници на општинската администрација одржаа состанок со претставници од Делегацијата на ЕУ и UNOPS (Канцеларија на Обединети нации за проектни услуги). Целта на средбата се подготвителни активности на проектот „EU for Clean Air“, кој е дел од Програмата на ЕУ за претпристапна помош – ИПА 2021.

Согласно Програмата ќе се работи на подобрување на воздухот во урбани центри во која влегуваат: Куманово, Битола, Скопје и Тетово.

Во Куманово се предвидени следниве активности на проектот: подобрување на систем за греење на јавни установи, озеленување на простор преку садење на дрва и поставување на мобилни мерни станици за загаденост на воздухот низ градот. Мапирани се неколку објекти, кои влегоа во оваа фаза на истражување, преку инвестиции во општинските училишта и ЈОУ Детска градинка. На состанокот претставниците на УНОПС го презентираа проектот и понатамошните чекори за подготовка на апликацијата, како и точната анализа за реализирање на инвестицијата.

Коментари

коментар(и)