Општина Куманово со Jавен повик до доверителите

Врз основа на Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а не платени обврски ,  Градоначалникот на Општина Куманово објавува ЈАВЕН ПОВИК до доверителите на Општина Куманово и доверителите на единките корисници  основани од Општина Куманово, од областа на образованието, социјалната заштита и културата, за пријавување на доспеани, а не платени побарувања.

Рокот за пријавување на побарувањата е 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето на jавниот повик. Денот на објавување на jавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските. Со пријавата, доверителите се должни да достават Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Куманово и доверителот, и Фактура/ Ситуација за задолжувањето ( аналитичка картица).

Документацијата целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од писарницата на општината или да ја превземат од web страната на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk

Јавнот повик и обрасците ,,Пријава на побарување согласно Јавен повик до доверителите на Општина Куманово и доверителите на единките корисници основани од Општина Куманово од областа на образованието, социјалната заштита и културата,  за пријавување на доспеани, а не платени побарувања бр.08-8040/1 од 10.12.2018 година’’ ќе бидат објавени и на web страната на Општина Куманово.

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка, со назнака „За Јавен повик за пријава на доверители“ или лично во писарницата на Општина Куманово (од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден), на ул. ,,11 Октомври ’’ бб.

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени во предвид.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 031/475-820 и 031/475-821- Сектор за финансиски прашања, или електронската адреса: gradonacalnik@kumanovo.gov.mk

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Куманово ќе ги разгледа пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Куманово ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а не платени обврски.

Коментари

коментар(и)