Општина Ранковце се вклучи во меѓуграничен проект

„Заеднички акции за превенција од поплави во прекуграничниот регион“ е насловот на проектот кој што ќе го работи општина Ранковце заедно со Бобов дол од општина Бугарија. Во рамки на истиот е планирана изградба на потпорни ѕидови околу делови на бреговите на Голем дол во Ранковце како и реката Горештица во бугарската општина. Целта на проектот е да се развие заедничкиот пристап за превенција од честите поплави  кои се случуваат во пограничниот регион, предизвикувајќи штета на населението.

-Имаме уредување на едно наше место тука околу 500 метри тоа е дол кој треба да уредиме убаво со камен, при тоа ќе ги заштитиме инфраструктурата низ него, канализацијата, водовод се и мислам дека ќе биде една од многу убавите работи кои ќе ги завршиме со овој проект. Се надеваме дека имплементацијата ќе се изврши добро со нивна помош, мислам дека треба да кажам дека тие имаат подобро искуство со европските фондови и нивната администрација е повеќе обучена околу тоа, тие ни даваат голема поддршка и мислам дека и во иднина ќе имаме уште проекти-истакна Момчило Алексовски, градоначалник на општина Ранковце.

Освен изградбата на потпорни ѕидови планирана е и заедничка стратегија за спречување на поплави и заштита на околината на двете општини. Промотивната кампања ќе биде наменета за подигање на свеста кај едцата и младите за заштита на средината и ќе биде спроведена во училиштата во Ранковце и Бобов Дол.

– Многу сум задоволна што партнерот за овој проект е општина Ранковце работиме прекрасно си помагаме. Се надевам дека и понатаму ќе соработуваме-посочи Елза Величкова, кмет општина Бобов Дол, Република Бугарија.

Проектот кој е во вредност од околу 400.000 евра го обезбеди Инструментот за претпристапна помош ИПА 2 и буџетите на Република Македонија и Република Бугарија. Истиот треба да се имплементира до 17-ти април наредната година.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)