Општинскиот буџет проширен од донации за два проекти

Буџетот на Општина Куманово за 2015 година е проширен за 996 илјади денари од донации наменети за два проекти, одлучија советниците на последната седница на Советот на Општината. Во првиот проект е вклучен секторот за меѓународна интеграција при Општината и претставува можност за стекнување на нови искуства кон обединување на Европа со граѓаните. За таа цел тројца вработени од секторот за евроинтеграции посетија обука во Равена, Италија, а во наредниот период треба да заминат во Осијек и Суботица. Вториот проект, пак, е наменет за средното училиште „Перо Наков“.

– Првиот проект е добиен преку Општината и се вика „Обложи се на ЕУ, Балканот и Европа заедно“, се работи за проект од Европа за граѓаните кој што ќе трае во 2015 и 2016 година. Инаку е финансиран преку ЕУ, а средствата пристигаат преку градот Суботица кој претставува официјален партнер заедно со Куманово во овој проект. Средставата од овој проект се наменети за имплементација и обука, вели Ирена Илиевска, раководител на секторот за финансии во Општина Куманово.

Со вториот проект се опфатени девет наставника од средното училиште „Перо Наков“ кои ќе посетат обуки за практична работа во образовниот систем во Гренада,Шпанија во соработка со маркетинг агенции и бизнис секторот. Средствата од околу 800 илјади денари наменети за овој проект се предвидени за сместување, патни трошоци и други договорни услуги.

-Вториот проект  кој се вградува во буџетот за 2015 е за средното училиште „Перо Наков“ Проектот е добиен од училиштето во текот на минатата година, а оваа е дополнување на самиот проект. Тука се работи за 834 илјади денари, инаку средствата се добиени од Национална агенција за европски образовни програми, а проектот се вика „Имплементација на практична работа во образовниот процес“, објаснува Илиевска.

Од секторот за финансии информираат дека двата проекти ќе станат составен дел од општинскиот буџет за 2015 година и ќе започнат со имплементација во најкус можен рок.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)