Општинскиот кризен штаб одржа вонредна седница

Општинскиот штаб за заштита и спасување  беше свикан поради дестабилизација на безбедноста во одделни делови од градот. Врз основа на податоци од медиумите и населениото кое се наоѓало на местото на вооружениот судир Општинскиот штаб излезе со определени предлог мерки. Подоцна беа донесени заклучоци со цел надминување на моменталната состојба во која се наоѓа населението.

– Вториот заклучок на Општинскиот штаб е дека се утврдуваат следните прифатни центри за сместување на сограѓани кои се повлекуваат од загрозените делови: спортските сали на „Христијан Карпош“, „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“. Како прифатилишта во кои граѓаните првично  треба да обратат се: ОУ „11 Октомври“, Црвениот крст на Општина Куманово и просториите на општината каде што може да се јават на телефонот 475 830 и  475 800. Трет заклучок е дека во соработка со институциите ќе се обезбедат сретства кои им се потребни на граѓаните, храна, хигено-технички средства и обезбедување на здравствена сосотојба – вели Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово.

Општинскиот штаб за заштита и спасување  беше свикан  по барање на градоначалникот на Општина  Куманово кој изрази загриженост за ситуацијата и апелираше да се сочува мирот и стабилноста.

– Утрово Куманово се разбуди со рафални истрели и силни детонации и некои инсајдерски информации кои ги добивме од теренот за повредени претставници од МВР кои се во критична состојба. Жителите се во паника и реакција во такви состојби е неочекувана и ќе апелирам да се сочува мирот и стабилноста. Го свикав штабот за да донесеме одлуки кои треба да помогнат во вториот дел на борбената криза, а тоа е хуманитарната криза која настапува во ваква сосотојба.  По борбените дејствија некаде околу 17 часот  имаше масовно иселување на граѓани од тој дел на градот. Ние се обидовме да направиме пунктови каде може да ги дочекуваме луѓето. Добиваме повици за помош. Има опожарени куќи . Треба да отвориме  кол центар во Општината   и сите заинтересирани да се јавуваат за потреба од било каква помош – објаснува Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Заклучоците донесени на седницата на Општинскиот кризен штаб ќе стапат на сила со денот на објавување во „Службен гласник на Општина Куманово.“

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)