Општинскиот кризен штаб со превентивен состанок во пресрет на летото

Општинскиот штаб за заштита и спасување на состанок ги утврди  потенцијалните локации за можни појави на пожари на територијата на Општина Куманово, како и мерки и активности кои би требало да бидат превземени. На вчерашниот состанок беа присутни и претставници од други институции, а беа донесени неколку препораки, заклучоци и мерки.

-Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака да се проследат дописи со информации за локациите на напуштени објекти, како што се  [„ЖИТОМЕЛ“, „Тутунски Комбинат Куманово (МОНОПОЛ)“, „Хотел КУ-БА“, „Хотел КРИСТАЛ“, „Хотел КУМАНОВО“, „ПЧЕЛА“, „СУПЕР МАРКЕТ“, деловни простории непосредно до „Хотел МИМОЗА“, објекти кои не се користат, а се во склоп на поранешна Касарна „Х.Т. Карпош“, до :

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) и надлежен инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заради увид и процена на степен на ризик од потенцијално опожарување на истите, превземање на соодветни дејствија во нивна надлежност и доставување на повратни информации за превземеното;

Дописот  да се проследи и до Секторот за инспекциски надзор (Комунален инспектор) за увид и превземање на дејствија во нивна надлежност за обврзување на сопствениците на напуштените деловни објекти за расчистување и обезбедување на истите и до Секторот за урбанизам за увид од страна на Комисија за функционалност на објекти и утврдување на стабилност/склонопадност на наведените објекти.

Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака да се проследи допис до МВР–СВР Куманово и Секторот за инспекциски надзор (Комунален инспектор) за зачестени контроли на локации каде има честа појава на пожари (м.в.„Бавчи“, м.в.„Стари Лозја“, м.в. „Багрем Бања“ и локација „ТУШ“).

Барање до МВР – СВР Куманово за исклучување од сообраќај и отстранување од јавни површини на мотокултиватори, од причина што истите, согласно законските регулативи, се земјоделски машини кои треба да се користат од субјекти со соодветна регистрирана дејност.

Да се проследат барања до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и до ЈП „Македонски шуми“ за соодветно третирање и заштита на боровата шума во атар на с. Биљановце (локалитет „Студена Вода“) заради појава на молец „Боров четник“.

Препорака до ЈЗУ „Здравствен Дом“- Куманово за расчистување на тревни површини во склоп на нивен објект во близина на ООУ „Кочо Рацин“- Куманово.

Апел до граѓаните да не се опожаруваат стрништа и суви треви (особено во наредниот период), како и фрлање на отпушоци, за да не дојде до појава на пожари. Исто така, ОШЗС апелира да се пријават сите забележани пожари на отворени површини на дежурните телефони 193, 112 и 078/365-061.

Коментари

коментар(и)