Општинскиот штаб за заштита и спасување со препораки и заклучоци

Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска одржа состанок во просториите на Општина Куманово. Поради новонастанатата ситуација и појава на случаи на корона вирус во Република Северна Македонија, а во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), на состанокот на општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставниците на општинскиот штаб за заштита и спасување, претставници од институции и јавни претпријатија, беа донесени следните препораки и закучоци:

  • Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Седницата на Влада на Република Северна Македонија, одржана на 10 март 2020 година, како и сите понатамошни донесени препораки.
  • Се дава препорака јавниот градски превоз да се редуцира и да биде идентичен со возниот ред, кој важи за време на зимскиот односно летниот распуст.
  • Во наредниот период за време на отсуство на децата од училиштата и градинките ќе се направат напори да биде извршена дезинфекција на просториите  во основни и средни училишта, како и градинките.
  • Да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болеси при МЗ и Влада на Република Северна Македонија, а доколку се појават симптоми телефон за контакт е ЦЈЗ Куманово 070 215 851, како и на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство на Република Северна Македонија:  http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Општинскиот штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира, се вели во известувањето од одржаниот состанок во Општина Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)