Општинскиот штаб со нови барања

Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска одржа состанок на кој ги донесе следниве барања:

Од Комисијата за заразни болести се бара да се разгледа дали се почитува протоколот за утврдување и лекување на пациенти суспектни и потврдени од COVID 19. Сметаме дека непридржување на протоколот може да доведе до епидемиолошко загрозување на Општина Куманово и вработените во ЈЗУ општа болница Куманово и бараме да се упати апел до матичните лекари од Општина Липково да се придржуваат до протоколите заради поуспешно лекување на заболените и спречување на ширење на епидемијата од соседната општина во Општина Куманово.

Поради новонастанатата ситуација и зголемен број на заболени од вирусот COVID 19  во соседната Општина Липково, ОШЗС Куманово со своите расположливи ресурси стои на располагање за помош при справување со епидемијата на Липково.

Се задолжува директорот на ЈЗУ општа болница Куманово да даде информација на ОШЗС Куманово со анализа за месец Мај во однос на хоспитализирани лица, број на третирани лица и излечени.

Се задолжува ЦЈЗ Куманово да даде информација на ОШЗС Куманово со анализа за месец Мај  за број на позитивни случаи на територија на Општина Куманово и број на позитивни случаи на територија на Општина Липково, одделно, бидејќи бројката што се објавува во јавност е бројка што се води за Општина Куманово а всушност истата ги претставува бројките за позитивни случаи и за Општина Липково, како и број на извршени тестирања.

Се задолжува Брза помош Куманово да достави информација за месец Мај, за колку лица има извршено транспорт и на која релација, за да ОШЗС има увид што се случува и во Општина Куманово и во Општина Ликово, по однос на транспорт на суспектни и COVID 19 позитивни пациенти.

ОШЗС Куманово го задолжува ЈП „Чистота и зеленило“ со атомизер да продолжи со дезинфекција во ЈЗУ општа болница Куманово.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)