Општински натпревар по географија во „Толи Зордумис“

Шеесет ученици од сите основни и средни училишта во општините Куманово и Старо Нагоричане денеска учествуваа на општинскиот натпревар по географија што се одржа во основното училиште Толи Зордумис. Најдобрите на денешниот натпревар ќе имаат можност на 17-ти март да се натпреваруваат и на регионален натпревар, информира професорката по географија во „ Толи Зордумис“ Сузана Николиќ.

-Тема е седмо одделение РМ и втора година средни училишта РМ. Главниот организатор на настанот, како и секогаш е Македонско -географско друштво . Денеска учество земаат сите основни и средни училишта , имаме околу 60 ученици и околу  20 тестатори. Сите први три места и ученици со над 85 поени ќе одат на регионален натпревар кој ќе се одржи на 17-ти март, изјави Сузана Николиќ, професор по географија во ООУ„Толи Зордумис“

Иако бројот на ученици во ова е училиште е помал споредбено со останатите во градот, сепак тоа не значи дека Толи Зордумис  не може да се пофали со одлични  резултати кои што учениците претходната учебна година и во првото полугодие од тековната ги постигнуваа на општинските , регионалните и државните натпревари по различни предмети, вели директорот Миле Јордановски.

-Ме задоволува успехот  кој во секој случај се гледа по учеството на натпреварите , тие учествуваа и лани и сега  на бројни натпревари и  постигнаа  солидни резултати заедно со своите ментори и наставници кои ги подготвуваат.

Во текот на зимскиот распуст беа направени подготовки, повеќе  реконструкции на подови на училници, имаме голем број на настани кои се случуваат овде, домаќини сме на голем број натпревари, на спортски натпревари, има зголемена динамика на работење на наставниците и ученици, посетуваат разни обуки за усовршување и осовременување на наставата, но и проекти  за размена на практики и искуства и усовршување во професионалноста на наставниот кадар, изјави Миле Јордановски, директор на ООУ„Толи Зордумис“

Што се однесува до реализација на некои поголеми инфраструктурни проекти со кои уште повеќе би се подобриле условите во училиштето „Толи Зордумис“  веќе аплицира до надлежните, посочува директорот Јордановски, надевајќи се дека надлежното министерствто и општината со поддршка од училиштето ќе помогнат  во имплементацијата на планирани проекти.

Коментари

коментар(и)