Општински штаб за заштита и спасување Куманово: Се намалува матноста на водата, ќе се пушта постепено во системот

По  појава на обилни врнежи од дожд во тек на вчерашниот ден (21.05.2025 година),  и забележано заматување на вода во водоснабдителен систем, се  одржа втор  вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставници од Општина Куманово, ЈП Водовод, ЈП Чистота и зеленило, Агенција за храна и ветеринарство и Центар за јавно здравје. На состанокот се донесоа следните заклучоци и препораки:

  1. Согласно изложени информации за состојба на вода која пристигнува преку водоснабдителен систем до филтер станица, дека матноста на водата се намалува, едногласно е одлучено дека треба да се пушти вода во водоснабдителниот систем на град Куманово, за техничка употреба. Заради хемиска обработка (хлорирање), истата ќе се пушта постепено. Напомена дека водата не треба да се конзумира без термичка обработка (превривање).

Водоснабдителните системи во висока зона (населба „Карпош“, дел од населба „Перо Чичо“ (Банево Трло) , „Ајдучка Чешма“, нас.„Иго Тричковиќ“ (Пуковско), резервоар кај ул.„Бајрам Шабани“, с.„Черкези’ и нас.„Железничка Станица“, во моментот функционираат засебно и таа вода може да се користи непречено.

 

Коментари

коментар(и)