Организаторите на „Kumanovo Hangout Festival“ донираа за лицата со посебни потреби

Телевизор, компјутерска опрема и храна, денеска донираа организаторите на „Kumanovo Hangout Music Festival“ во Дневниот центар за лица со посебни потреби, кој се наоѓа во близина на поранешен Чик. Донацијата е наменета за изградба на оддел за сензор на реинтеграција, односно сензор моторна соба за лица со попреченост. Во просторијата со избор на квалитетни и модерни дидактички материјали ќе се влијае на развивање на нивните сетила, за да можат подобро да се снаоѓаат и да ја разбираат средината.

-Заедно со организаторите на фестивалот „Институтот за наука, уметност, култура и спорт“ и „The yard lounge bar“ се договоривме да помогнеме во тој дел, да ја дадеме таа донација со цел да направиме еден едукативен аспект на лицата со посебни потреби во овој центар. Се надеваме дека со ова ќе пружиме еден чекор во однос на појава и на други донации за да може сето тоа да се доизгради и се разбира дека секој пат сме на располагање во однос на ваков вид на донирање се додека има расположение од лицата кои несебично сакаат да помогнат и несебично ни даваат идеи како да ги донираме тие средства-истакна уметнички директорот на фестивалот Марјан Стевановски.

-Ова е веќе четврта или петта хуманитарна акција подржана од The yard lounge bar, овој пат заедно со Hangout Music Festival.  За нас како првенче фестивалот беше тешко да се организира, реализира но со тешки маки успеавме се надеваме дека ќе продолжи многу подобро и организацијата и спонзорите, градот, дека посетеноста ќе биде се поголема. Покрај овој настан овде знаете дека исто така дадовме донации и во спортските клубови, пливачкиот и тенискиот клуб Тумба, заедно со уште неколку мали награди кои успеавме да ги поделиме од фестивалот. Целта ни е да поттикнеме, да ја разбудиме свеста кај граѓаните за да може да се случуваат повеќе убави нешта од ваков карактер-нагласи техничкиот директор на фестивалот, Еманоил Ивановски.

Од Дневниот центар за лица со посебни потреби истакнаа дека оваа донација има големо значење.

-Би сакал да им се заблагодарам на донаторите за оваа убава донација во техничка роба која ќе ни послужи за спроведување на нашите програмски задачи. Воедно би сакал на донаторите да им посакам многу успех во нивните дејности и подобра бизнис клима. На овој начин уште еднаш докажавме ние како дневен центар дека и понатаму продолжуваме со извонредната соработка со невладиниот сектор, бизнис центрите како и со разни инситуции се со цел поголема социјализација на лицата кои се  корисници  и нивната интеграција во општеството-нагласи Ивица Благојевиќ од Дневениот центар за лица со посебни потреби.

Инаку во Дневниот центар за лица со посебни потреби се регистрирани 26 корисници.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)