Организацијата Ротаракт со хуманитарна акција

Ученици од трето и петто одделение од основното училиште Христијан Карпош учествуваат во хуманитарната акција по повод претстојниот празник Велигден, која ја организира младинската непрофитна организација Ротаракт. Тие изработуваа украсни декорации, кои ќе бидат дополнети со бојадисани јајца кои ќе ги направат децата од дневниот центар за лица со попреченост, каде што и ќе завршат собраните средства.

-Акцијата ќе се одржи на градскиот плоштад во сабота. Овие дечиња учествуваат со тоа што тие ќе ги изработат украсните декорации за Велигден, заедно со бојадисаните јајца кои ќе ги направат децата со Дневниот центар, истите ќе се продаваат на плоштадот и потоа средствата ќе се донираат за децата со посебни потреби. Голема благодарност сакам да изразам до директорката на училиштето така што тука се децата, работат се надевам дека акцијата ќе помине успешно ги повикувам сите кумановци да се приклучат да бидат хумани-истакна Моника Трендафиловска од Ротаракт.

Учениците истакнаа дека со задоволство учествуваат во акцијата, бидејќи на тој начин ќе помогнат на своите сограѓани. Младинскиот клуб Ротаракт традиционално за големиот христијански празник Велигден,  организира хуманитарни акции.

-Досега беа акции во кои ние изработувавме декорации ги продававме на плоштад, меѓутоа оваа година одлучивме да вклучиме ученици кои што ќе помогнат и зошто да не ги запознаеме децата дека и тие можат да бидат дел од вакво хумано дело-додаде Трендафиловска.

Клубот во Куманово постои од 2014-та година.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)