Осветена црквата Св. Спас во Долно Којнаре

Во присуство на голем број православни верници утрово, во Долно Којнаре се освети црквата Свети Спас. Чинот на осветување на иконите и оспособување на црквата за да се извршуваат богослужби, го изведе кумановско-осоговскиот митрополит Јосиф, во сослужение со свештениците од епархијата. Отец, Игор Здравковски истакна дека досега во оваа населба немало божиј храм, туку само  крст.

-Денеска овој Божиј храм  е осветен и тоа во многу рекордно време затоа што овие луѓе покажаа дека навистина покрај верата во Бога ја имаат и љубовта кон ближниот, се почитуваат себе си, покажуваат дека можат да се договорат, и затоа нека бидат тие пример и за останатите луѓе кога ќе се соберат за некое добро дело да бидат единствени а не разделени-нагласи тој.

Новата црква е изградена со средства на мештаните на Долно Којнаре, бројни донатори.

-На овој денешен ден пред 2 години ударивме камен темелник на ова свето место, кое се вика Св Спас. За да го изградиме овој прекрасен храм придонесоа градоначалникот на Куманово, МПЦ а најмногу жителите од месното население на Долно Којнаре, фирми и многу други донатори. Успеавме за неполни две години да го изградиме овој храм и затоа ги повикувам сите православни верници да веруваат во нашата вера, се што се сака може да се сработи-нагласи Зоран Петрушевски, претседател на месна заедница.

 

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, кој е еден од донаторите, истакна дека негувањето на православната вера е најдобар пат за да се врати религијата.

-Мислам дека е убав настан како што кажа владиката тоа е нешто кое е за идните генерации, корени на православието, тоа е нешто што ние го прославуваме во овој дел каде една нова населба, каде треба да живее православието, црквата, да ни е свет денот Спасовден, и црквата затоа денеска се осветува. Мислам дека е добар потег на мештаните кои собраа сили, средства го израдија храмот и убаво го уредија, мислам дека е заслуга на месната заедница заедно со кумановската епархија-додаде тој.

На свечениот собир присуствуваа претставници на локалната самоуправа, директори на јавни установи, училишта, политички партии и бројни граѓани.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)