Освојувајќи го Тиват, Куманово ги задржа шансите за втора фаза во БИБЛ

Македонскиот претставник во БИБЛ-лигата, екипата на Куманово, дојде до значајна победа кај Теодо Тиват (83-90) и со четвртиот триумф оваа сезона ги задржа шансите за прогрес во втората фаза од натпреварувањето.

Кумановци одиграа одличен натпревар, без осцилации и заслужено се радуваа на посакуваната победа. Тиват цело време бркаше негатива, а единствено беше близу до македонскиот тим само во вториот квартал, кога на семафорот стоеше 41-42.

Најефикасен кај победникот беше Александар Андрејевиќ со 19 поени, пред Дамјан Робев кој додаде 18 поени, додека кај Тиват, Петар Кусовац заврши со 20 поени.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)