Осми април неработен ден за Ромите

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РСМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 8 април 2021 година (четврток), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)