„Осмокатницата“ на плоштадот ќе добие нов лик

Нов лик наскоро ќе добие  зградата „осмокатница“, која се наоѓа на Градскиот плоштад. Екипа работници од денеска започнаа со обнова на фасадата, која што е во рамки на проектот за енергетска ефикасност. Проектот кој чини 40.000 евра го спроведуваат општина Куманово, организацијата Хабитат и станарите.  Инаку Хабитат овозможува кредит, кој на подолг период треба да го отплатат станарите, а општината учествува со 20 проценти, односно 8.000 евра.

-Денеска отпочнува со работата прозорците се променети и најкасно за 30 денови ќе биде завршена работата. Целта  на проектот е тоа што ќе имаме заштеда на електрична енергија  и на кој било енергенс ќе биде дел од враќањето на средствата кои се доделени од Хабитат на станарите и на тој начин за еден долг период ќе бидат вратени средствата кои се вложени во промена на прозорците и фасадата-изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Првиот човек на Куманово им се заблагодари на станарите кои што се вклучиле во проектот. Додаде дека заедно со Хабитат планираат да променат пет фасади во градот.

-Процесот на организирање договарање на станарите е еден од најкомплицираните во спроведување на ваков тип на проекти, особено ако се работи за поголем тип на зграда, согласноста на станарите според законската регулатива е предуслов за да се пристапи кон еден ваков проект и не е лесно да се обезбеди согласност на 32 станари колку што живеат во оваа зграда- истакна Зоран Костов национален директор на Хабитат Македонија

Тој нагласи дека обрнуваат повеќе внимание на функционалната а не на естетската страна, и  додаде дека во овој случај фасадата на зградата ќе се врати во првобитната состојба, односно  обновена со стандартите за енергетска ефикасност. Станарот,  Иванчо Герасимов изрази задоволство што зградата ќе добие нов поубав лик.

-Од 32 станари имаме 31 кои се влезени во проектот, едниот што остана нема услови за да исполни кредит, меѓутоа тој има кај нотар заверка дека ќе си ја плаќа ратата. Задоволни сме што  ќе ја санираме фасадата, да не зборуваме за енергетската ефикасност–нагласи тој.

Градоначалникот на Куманово информираше дека деновиве започнува тендерска постапка за реконструкција на зградата на Занаетчискиот дом. Овој проект локалната самоуправа го спроведува со центарот за развој на североисточниот плански регион. За внатрешното и надворешното уредување на оваа зграда ќе бидат одвени 300.000 евра.

plostad4

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)