Осмомартовски марш во Куманово

Под мотото  „Заедно можеме со љубов за Македонија“ во недела во Куманово ќе се одржи  традиционалниот Осмомартовски марш организиран од Форумот на жени на СДСМ. Координаторката  на жените во  Куманово, Атина Мургашанска денеска ги повика сите граѓани со учеството во маршот да го кренат гласот за подобра положба на жената во општеството , за еднакви можности и рамноправност.

-Во оваа прилика Ве поканувам сите независно од половата, партиската, политичката, верската и другата припадност  да ни се придружите во ова чекорење во нашата борба и нашето настојување за еднакви права, еднакви можности на жените и мажите. Сакам да нагласам дека во нашето марширање ќе ни се придружат над 5.000 жени од целата држава и истакнати општествено- политички работници , сите заеднички да го кренеме гласот за подобра положба на жената во општеството за еднакви можности и рамноправност, изјави Атина Мургашанска, координаторка на Форум на жени на СДСМ, Куманово

Осмомартовскиот марш ќе отпочне од пред градскиот базен, а ќе заврши на плоштадот со пригодни обраќања.

-Ве поканувам сите и оние што сте од Куманово и од сите градови да ни се придружите во ова чекорење за женската борба и да се собереме во 11 часот пред градскот затворен базен, а потоа околу 12  часот сите заеднички ќе маршираме за женската рамноправност. Нашиот марш ќе се движи по булеварот Октомвриска револуција, по улицата Иво Лола Рибар и сите заеднички да пристигнеме на градскиот плоштад во Куманово каде што по неколку обраќања на наши истакнати политички, општествени активисти ќе продолжиме со културно- уметничка програма. Во завршницата на маршот на бината на градскиот плоштад на Куманово ќе бидат присутни и ќе се обратат повеќемина истакнати политичари,  членови на Владата на РМ, меѓу кои заедно со нас ќе маршира и потоа ќе ги поздрави сите присутни припаднички на понежниот пол, премиерот Зоран Заев.

Маршот се организира веќе шест  години по ред досега, во различни градови низ Македонија, минатата година беше во Гевгелија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)