Основачи на Левица во Куманово: Партијата е инструмент на Апасиев, не излегувајте на гласање

Ние основачите на Левица од Куманово, некогашни членови и раководство на Левица и ЛО Куиманово однoсно луѓе кои ја основале партијата, кои ја воделе на парламентарните избори во 2016, кои ја воделе на локалните избори 2017, кои ја воделе кампањата за бојкот на референдумот во 2018г. Од Куманово, чувствуваме морална должност и одговорност да ви се обратиме и да ве информираме за сите случувања во врска со политичката партија Левица.

За жал, партијата која сега настапува под истото име – Левица нема ниту една допирна точка со основните идеали и постулати врз коишто партијата беше градена, ниту со целите поради кои ја основавме. Од пред една година, партијата која денес се нарекува Левица е узурпирана од мала група на луѓе, предводени од Димитар Апасиев, кои не демократски и по пат на злоупотреба на довербата го превземаа раководењето на партијата со фалсификување на документи и сторување на низа тешки кривични дела. Па сепак, бидејќи ја живееме македонската реалност во која кривото е право и лагата е вистината се случи овие фалсификати да бидат аминувани и одобрени од корумпираното македонското правосудството со скандалозни судски одлуки во корист на извршителите.

Затоа може слободно да кажеме дека Левица стана само уште една од многуте безпринципиелни партии, стана декор на трулежот што се нарекува македонски политички систем. Таа се претвори во она нешто против кое што се бореше на почетокот, се претвори во својата суштинска спротивност во без принципиелна и опортунистичка структура со единствена цел доаѓање до власт. За жал, Левица стана инструмент на Димитар Апасиев за остварување на неговите лични амбиции. Но нашето искуство не учи дека тој човек не познава никакви принципи. Тој никогаш не бил искрен левичар, ниту пак денес е тој искрен десничар туку по потреба ќе биде се што е опортуно само да ја оствари својата амбиција.

Затоа на овие парламентарни избори, на кои нема алтернативна, нема политичка понуда која излегува од матрицата на најниско политикантство на мејнстрим партиите, не ни останува ништо друго освен да ве повикаме на НЕГЛАСАЊЕ. Неизлегувајќи на гласачките места ќе го заштитиме нашето здравје во дадените здравствени околности, но и нема да го легитимираме политичкиот систем кој веќе 30 години активно ги уништува нашитеживоти.

Потписници:

Петар Чуриќ – поранешен член на Президиумот на Левица

Сотир Лоловски – поранешен член на ЦК на Левица

Никола Крстевски – поранешен член на ЦК на Левица

Иван Николовски – поранешен член на ЦК на Левица

Стефан Илиевски – поранешен член на ЦК на Левица

Александар Цветковиќ – поранешен член на ЦК на Левица

Роберт Димковски – поранешен член на Левица

Трајко Тасевски – поранешен член на Левица

Кокица Милковска – поранешен член на Левица

Зоран Митевски – поранешен член на Левица

Никола Денковски – поранешен член на Левица

Билјана Тасевска Станковиќ – поранешен член на Левица

Ѓорѓи Тасевски – поранешен член на Левица

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)