Основци во посета на општина Куманово

Стотина маскирани ученици  од основните училишта денеска имаа можност да се запознаат со работата и функционирањето на локалната самоуправа. Во последно време стана пракса  учениците  да ја посетуваат општината и на тој начин полесно да ја сфатат материјата која што ја изучуваат .

-Изминатите неколку недели имаме посета од учениците односно практична настава на образованието  за делот од општествениот сегмент од едукацијата,  четврто одделение се децата, и тие учат за општина, за  република, за организирано политичко живееење, и на некој начин овде практично учителките ги носат за да видат  како функционира локалната самоуправа , а денеска имаме и среќа да видиме прекрасни маски, децата со својата машта направиле едно шаренило на идеи и тоа зборува за капацитетот и креативноста на нашата нација на Куманово , на македонскиот народ, изјави Зоран Дамјановски , градоначалник на Куманово .

Од средбите кои што досега ги имал со учениците градоначалникот е пријатно изненаден од нивните познавања за локалната самоуправа.

-Мислам дека се доста вовлечени во темата,  дали  на тоа влијае политичкиот живот во Македонија преку семејставата, преку разговорите во самото семејство, се изненадив кога рекоа дека ме знаат сите, изјави Дамјановски.

Ваквата соработка на локалната самоуправа со основните училишта во градот ќе продолжи и наредниот период.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)