Основци во посета на ТВ Плус

Ученици од подрачното училиште „Кочо Рацин“  денеска ја посетија Телевизија Плус. Главниот и одговорен уредник, Драган Ивановски  ги запозна основците со улогата на медиумите во општеството, начинот на функционирање, прибирање податоци за информативните изданија, начинот на снимање вести во студиото, а зборуваа и за медиумската писменост.

-Голема благодарност што не примивте.  Бидејќи учиме за медиумска писменост сакавме учениците од прво до петто одделение во подрачното училиште Кочо Рацин, Биљановце да ги доведеме и да видат како изгледа едно студио, начинот на снимање, начинот на собирање информации, прекрасно објаснето и прекрасен прием , изјави Маја Лазаревска, наставник по одделенска настава.

Основците се среќни што можат одблизу да се запознаат со функционирање на една локална телевизија.

Освен ученици од основните училишта во градот, интерес за функционирањето на телевизијата досега пројавија и средношколци, идни потенцијални студенти по новинарство, режија и слични студии.

Коментари

коментар(и)