Основци го одбележаа Денот на дрвото

Ученици од основните училишта Крсте Мисирков и Браќа Миладиновци се вклучија во акцијата Ден на дрвото. Тие заедно со наставниците и останатите вработени, садеа дрвја и го уредуваа училишниот двор. Истакнаа дека уредувањето треба да биде постојана практика, бидејќи секое засадено дрво е симбол на иднината и доброто за градот.

-Кој било предмет дали музичко, биологија, хемија, физичко сите ја поврзуваат наставата со екологијата. Мислам дека делуваме на развојот на свеста на учениците, одбележуваме настани од еко календарот, веќе досега имаме четири акции, ова ни е петтa. Прво одбележавме Ден без автомобили, пешаци, храна, Македонија без отпад, бидејќи бевме многу масовно сите ученици учествуваа. Нашето училиште доби благодарница од британската амбасада за масовно учество-изјави педагогот од ОУ Крсте Мисирков, Сузана Денковска.

Учениците изразија задоволство што можат да придонесат за разубавување на нивниот двор, но и имаат можност да се дружат.

-Засадени се десетина листопадни дрвја, во училишниот двор, а групите се организирани по 10-ина ученици од секое одделение скоро и сите имаат свои активности. Тие се прилагодени во дворот на училиштето-наведе Анастасија Трајковска ученик.

-Денеска нашето училиште го одбележува Денот на дрвото. Некои од децата прв пат го прават ова, се забавуваме тука и е убаво за околината. Ова е нашето одделение не само што ги обезбедуваат класните, туку и волонтираат деца. Тука сме од сите генрациии од 6 до 9 то одделение, садиме дрвја и собираме смет-истакна Теодора Стефановска, ученик.

Годинешната акција се спроведува под мотото Засади ја својата иднина.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)