Основци со флаери за возачите

Основци, членови на училишните сообраќајни единици денеска во близина на своите училишта им поделија флаери на прописно и непрописно паркираните возачи и ги оценија со единица, односно петка , зависно од тоа дали ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Освен што делеа флаери, учениците и ги анкетираа граѓаните како предвидена активност во реализација на кампањата насловена „Недела на безбедност на сообраќајот во Куманово“, која ја спроведуваат Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Отсекот за превенција при СВР Куманово, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и основните училишта.

– Правиме анкета на нашите граѓани во однос на безбедноста во сообраќајот и спроведувањето на законските регулативи и норми во самиот сообраќај при движење на возачите и пешаците во сообраќајот. Анкетата ја спроведуваат учениците на граѓаните на Куманово, изјави Бојан Петковски, Општински совет за безбедност во сообраќајот

-Дечињата ќе имаат можност на возачите да им направат анкета односно сакаме да направиме согледување на неколку прашања, дали некогаш воопшто поминале на црвено светло, колку го користат појасот во автомобилопт, дали зборуваат или пишуваат смс пораки на мобилен телефон додека возат, дали возат брзо и дали на пешаците им даваат предност во сообраќајот. Со тоа сакаме да направиме едно согледување , се надеваме дека одговорите ќе бидат искрени , колку тие работи се практикуваат односно не се практикуваат во град Куманово и со тоа да им се упати порака на сите учесници во сообраќајот дека сите овие правила и прописи треба да се почитуваат особено пред и околу училиштата каде што дечињата најчесто се движат, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција

Богдановска информира дека утревечер како дел од кампањата ќе направат обиколка на угостителските објекти во градот , а на гостите алко- тестирање. Во активностите од реализацијата на кампањата се вклучени 120 ученици , членови на училишните сообраќајни единици од сите основни училишта во градот.

-Во угостителските објекти на гостите ќе им се мери алкохол во крвта и на оние кои што не употребувале алкохол ќе им се поделат зелени картони дека имаат право и одговорност да возат, додека оние кои што се под дејство на алкохол црвен картон и со тоа им се укажува дека таа вечер или друг да ги вози или да повикаат такси за превоз. Кампањата ќе заврши конкретно со неделните активности планирани во понеделник со тоа што флаерите и другиот рекламен материјал кој што ќе преостане од акцијата ќе се постават на видни јавни места, на бензински пумпи, станици за технички преглед, секаде каде што има поголема концентрација на луѓе за да таму бидат поделени , изјави Богдановска.

И наредната година Отсекот за превенција продолжува со активностите со единствена цел – подигање на јавната свест на сите учесници во сообраќајот за сообраќајна култура, почитување на правилата и прописите и безбедност во сообраќајот на сите.  

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)