Осуденици добија уверенија за завршена обука

23 осудени лица во Затвор Куманово денеска добија уверенија за завршена обука за занимањата аргон заварувач  и пекар. Стручното оспособување на учесниците во обуките  ќе овозможи нивно  полесно вклучување на пазарот на трудот и конкурентност на пазарот откако ќе ја напуштат  казнено -поправната установа, а со тоа и нивна поуспешна ресоцијализација, сметаат надлежните. Обуките опфаќаа повеќе од 200 реализирани часови обука од страна на средните стручни училишта – „Наце Буѓони“ и „Киро Бурназ“ од Куманово.

-Доживотното образование и обука би требало да биде пракса, а вие по излегувањето од оваа установа треба да се вклучите во редовниот живот односно да се реинтегрирате во средините од каде што доаѓате , изјави Јовица Стојановиќ, директор на Управа за спроведување на  санкции

Обуките  во затворот во кумановско Кшање,  Управата за извршување на санкции ги спроведува во соработка со министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации-УНДП.

-Дополнителната обука е квалификација  која што треба да ви обезбеди и да ви овозможи вклучување на пазарот на трудот со овие стекнати вештини кои што ги имате во текот на дошколувањето кое што го имавте во казнено поправните установи, изјави Рената Дескоска министер за образование и наука

-Работата што овде ја реализираме се поклопува со нашите идеали и цели кои што се однесуваат на тоа дека секој има право на пристојно вработување и на успех во животот, изјави Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП

Со обуките  досега се опфатени 120 лица  кои издржуваат казна во казнено поправните установи  на ниво на државава.

Во наредниот период во стручното оспособување ќе бидат вклучени жени осуденички.

Коментари

коментар(и)