Осумнаесетгодишна кумановка загина во сообраќајна несреќа

Осумнаесетгодишна кумановка загина, а двајца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на автопатот Скопје- Куманово, кај Романовце. Според министерството за внатрешни работи, до несреќата помеѓу патничкото возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20 годишен кумановец и товарното возило „застава“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 55-годишен жител на селото Старо Нагоричане дошло синоќа околу 22 часот на еден километар пред наплатната станица „Романовце“.

Како што соопшти МВР,  на местото на несреќата починала младата девојка, сопатничка во возилото „ауди“ , а возачот  се здобил со тешки телесни повреди. Возачот на товарното возило поминал со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, информира МВР.

Истрагата допрва ќе утврди која била причината за сообраќајната несреќа на автопатот.

 

Коментари

коментар(и)