Осум нови случаи на Ковид-19 во Куманово

Осум нови случаи на Ковид -19 во Куманово, 75 новозаболени во целата држава регистрира министерството за здравство во последните 24 часа.

Евидентирани се и 99 оздравени пациенти, меѓу нив шестмина кумановци, а во текот на изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица.

Бројот на активни случаи на коронавирусот во земјава изнесува 649, од нив 29 случаи во Куманово.

Коментари

коментар(и)