Осум точки на дневен ред од 54-та седница на Советот на Општината

Во големата сала на поранешен Комитет утре со почеток во 10:00 часот ќе се одржи 54та седница на Советот на Општина Куманово.

На дневен ред пред советниците ќе се најдат вкупно осум точки по кои првин треба да дискутираат па и да гласаат за нивно евентуално усвојување или одбивање.

Во продолжение целиот дневен ред:

  1. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2021 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце – Куманово;
  2. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
  3. Предлог – Одлука за давање на согласност за обезбедување на дополнителни средства од Буџетот на Општина Куманово, за ко-финансирање на градежни активности за реконструкција на поранешен Хотел „СОЛУН“, наменети за засебна сметка на проектот „Заедничка историја и култура – Мост преку границите”;
  4. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2021 година;
  5. Предлог – Одлука за префрлање на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година;
  6. Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на Липковска Река во КО Лопате вон г.р. – Општина Куманово за дел кој се наоѓа вон опфат на УПВНМ, м.в. Шамак КО Опае – Општина Липково;
  7. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово – член на Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Толи Зордумис‘‘ – Куманово.

Секако и оваа седница како и сите други ќе можете да ја проследите директно на програмата на Телевизија Плус или преку социјалните мрежи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)