Отворена изложбата „АСНОМ “

Слики и графики изработени во текот на 2016 и 2017 –та година од вредните раце на ученици од основните училишта во градот и корисниците на услугите на Порака наша и дневниот центар вчеравечер беа изложени во Занаетчискиот дом. Присутните имаа можност да разгледаат дела од Детскиот ликовен камп насловена АСНОМ . Биеналната изложба на слики и графики се одржува по седми пат под покровителство на градоначалникот, советот на општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт, а веќе три години дел од изработените дела од детскиот ликовен камп се донираат на регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака наша.

-Сакам да се пофалам со тоа дека од сиве овие седум години ако ги броиме делата и учесниците има некаде од 150- 170 сметајќи ги и нашите драги од Порака наша и Дневен центар , учесници на овој камп. Сакам да ги поздравам сите оние кои учествуваа во работата на детскиот ликовен камп сите овие седум години, се надевам дека тоа ќе продолжи, со тоа што ние веќе трет пат сите дела кои се изложени и направени од нашите учесници ги донираме на Порака наша околу 140 -150 дела, една импозантна бројка на уметнички творби и слики, графики . И оваа година сите дела што ќе ги видите ќе бидат донирани на Порака наша, кампот брои  од  150-160 учесници, а околу 300 дела нацртани од рацете на нашите прекрасни  ученици и учесници на детскио ликовен камп. Со надеж дека ова ќе продолжи  ,  изјави Нино Величковски , директор на Фондација за култура и спорт

-Денеска сме присутни на еден настан каде што ги гледаме идните наши кумановски уметници кои што имаат единствена цел – низ еден реален приказ да ги прикажат нашето кумановско секојдневие  и да ја изнесат нивната фантазија на видело во делот на она како тие го доживуваат светот. Ако зборуваме за едни вистински уметнички дела токму денеска е местото овде да ги видиме реално отсликани од рацете на нашите најмлади и најмали ученици од нашата општина, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Фондацијата за култура и спорт планира во иднина детскиот ликовен камп да прерасне во меѓународна манифестација која ќе биде поддржана не само од локалната самоуправа  туку и од министерството за култура.+

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)